70 години гордост на Шпанија – 70 години SEAT

ОБЈАВЕНО НА:

SEAT прославува 70 години постоење. Во таа насока објави кратко видео со кое го одбележува овој голем јубилеј. Се започна на 9 мај 1950 година кога Националниот институт за индустрија во Марторел го создаде овој производител.

Веднаш по самото формирање стапи во партнерски односи со FIAT, па оттука многу модели на FIAT беа ребрендирани под SEAT со што овој производител прерасна во исклучително национален.

Сепак љубовта со италијанскиот производител не траеше долго па по судските спорови SEAT стана самостоен производител кој соработуваше со Volkswagen, Nissan и Mitsubishi пред и официјално да стане дел од Volkswagen Групацијата.

По неколкуте падови во минатото, денес, SEAT е еден од најпрофитабилните брендови во автомобилската индустрија остварувајќи над една милијарда евра годишен нето-профит во изминатите неколку години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK