Веќе се реалност: Надворешни воздушни перничиња за поголема безбедност во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

Напредната технологија несомнено е насочена и кон зголемувањето на безбедноста на сообраќајот. За тоа се доказ бројните системи за безбедност и асистенција кои денес се дел од автомобилите, а кои значително ги подобруваат безбедносните перформанси.

Последниот новитет на ова поле го претстави германскиот производител ZF кој ги претстави екстерните воздушни перничиња.

Овој производ е плод на децениското истражување на инжинерите во оваа компанија кои успеаа да дојдат до перфекцијата на активирање на надворешните воздушни перничиња за само 100 милисекунди.

Со ова се очекува да се намалат повредите за 30% во внатрешноста на кабината. За да може ефикасно да работи, се користат неколку сензори и радари кои во континуитет ги следат случувањата во околината на автомобилот каде што се поставени.

Првиот автомобил во сериско производство овие воздушни перничиња се очекува да ги добие за две години, потврди директорот на компанијата Уве Клас, без при тоа да открие од кој бренд ќе биде автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK