Следнатa година јапонскиот производител Mazda треба да ја претстави новата, четврта генерација од својот претставник во D класата, моделот Mazda 6. По тој повод, германскиот авто магазин AutoBild објави рендер од можниот изглед на овој автомобил.
Гермнскиот магазин важи за добро информиран и со многу инсајдери во авто индустријата. Па, можно е овој изглед да биде добра насока како навистина ќе изгледа возилото.
Како што може да се забележи од рендерот, дизајнот кај новата шестка е инспириран од новата тројка како и останатите нови модели претставени последната година.
Инаку првата генерација на овој модел се појави во 2002 година кога на пазарите во Јапонија и Кина овој модел беше комерцијализиран под името Atenza. Во 2007 година дојде втората генерација, а актуелната треа е претставена во 2012 година. Досега, на глобалниот пазар продадени се повеќе од еден милион примероци.
Ќе почекаме до првите папарацо фотки кои сигурно ќе откријат дали овие рендер биле вистинскиот патоказ.