(Видео): Кога ќе ти се исполни детскиот сон – од стари автомобили направил…

Секој има сон од детството што посакува да му се исполни. Овој кинескиот дизајнер на играчки си го исполнил својот детски сон. Тој користејќи стари автомобили, направил „Трансформер“ висок четири метри.

Оваа џиновската машина со обично копче се претвора од човечки облик во автомобил и обратно, ја прикажал и пред публика. Додека се движел низ дворот на Јанбинг, роботот со далечински управувач ја движел главата и рацете.

Авторот за создавање на овој трансформер вложил осум месеци работа и 9.000 евра, за да направи сложен механизам, кој овозможува трансформација на далечинско управување. Јанбинг се надева во иднина да претстави една цела серија на слични машини.