Mercedes-Benz C-Class во Македонија – Новата зона на удобност !

ОБЈАВЕНО НА:

Во последнава деценија, C-Class e модел со најголем волумен на производство во Mercedes-Benz. Од последната генерација, претставена во 2014-та година, продадени се дури над 2,5 милиони возила, а од 1982-та година, кога првпат се појавува овој модел, произведено се над 10,5 милиони автомобили

Кога се појавува нов модел на C-Class, значи и претставување на мноштво новитети не само за германската марка, туку и воопшто во автомобилската индустрија. По светската премиера во февруари, новата C-Class сега е и во салонот на Mak Autostar.„C-Class е нашиот најдобро продавана лимузина и сум убеден дека новата C-Class ќе понуди уште поголема возбуда кај нашите купувачи, со широка понуда на високотехнолошки опции, кои се вклучени од поголемиот S-Class. Со најновата генерација на MBUX системот, посебно управување на задната оска и електрификација на моделот, нашиот најуспешен модел, повторно ќе ги подигне стандардите во овој сегмент, изјави Претседателот на Управниот Одбор на Daimler AG и Mercedes-Benz AG, Ола Калениус.

Многу новини се вградени во новиот модел. Списокот е долг.
Сите верзии на модели стандардно се опремени со:
* електромотор во погонот
* 9 степен автоматски менувач
* Централно поставена ѕвезда на предната решетка
* Дигитална инструмент табла
* Дисплеј за функции на возилото во средишна конзола
* Дигитални светла
* Управувана задна оска
* Нова генерација на MBUX системот за говорна команда
* Унапреден активен радарски систем
* Зголемени внатрешни и надворешни димензии на возилото
* Низок аеродинамичен коефициент
* Нови погони

Новата C-Class нуди поголема пространост во кабината, бидејќи е проширена за 22 мм во предниот и 15 мм во задниот дел, додека надворешната ширина на возилото е зголемена за 1 см. Висината на просторот за глава, во задниот дел исто така е зголемен за 13 мм. Благодарение на зголемување на просторот за колена за 35 мм, во задниот дел сега нуди навистина исклучителна удобност.

Сите овие промени на димензии на новата верзија на C-Class е благодарение на зголемување на вкупната должина на возилото за 6,5 см и сега изнесува 4,75 метри, како и зголемување на меѓуоскиното растојание за 2,5 см во однос на претходниот модел.

Што се однесува до користење на материјалите за изработка на возилото, значајно да се напомене е дека во внатрешноста на новата C-Class, користени се нови материјали со висок квалитет, поради што многу елементи се преземени од поголемата S-Class, како што се на пример, централната конзола и инструмент-таблата.

Токму овој екран поставен во средишниот дел е новина и овозможува ракување со функциите на возилото. Неговата надолжна ориентација е особено поволна за користење на навигација. Големината на централниот екран, кој е малку наклонет кон возачот, изнесува 9,5 инчи како стандарден, а поглеми верзии се оние од 11,9 инчи.

Што се однесува до инструмент таблата, повеќе не се вградува аналогна, туку на располагање се дигитални екрани со висока резолуција и купувачите можат да бираат меѓу големините од 10,25 инчи и верзија од 12,3 инчи.

Постојат 3 опции за изгледот на контролната табла и тоа: Discreet, Sporty, Classic, како и 3 мода на работа: Navigation, Assistance, Service. На пример, доколку изберете дизајн Sporty, тогаш доминира црвената боја на екранот, додека централниот мерач на вртежи на моторот, има динамичен изглед.

Што се однесува до најновата генерација на MBUX системот за говорна команда, неговиот хардвер и софтевер овозможуваат уште полесно контролирање на функциите, а со тоа се добива зголемување на удобноста при возењето.

Говорната команда „Хеј Мерцедес“, станува повеќе интерактивна и способна за учење со активирање на нови онлајн услуги во Mercedes me App. Некои опции може да се активираат без употреба на клучните зборови „Хеј Мерцедес“. Ова вклучува, почнување телефонски разговор. Исто така, овој систем е способен да препознае глас на некој од патниците.

Со помош на MBUX Smart Home, некои функции кај новата C-Class може далечински да се контролираат, како што е температурата, светлата и слично.

Во однос на дигиталната технологија, друга новина се дигиталните светла – DIGITAL LIGHTS, кои емитираат светлина во висока резолуција и го спречуваат ефектот на ослепување кај другите возачи. Дигиталните светла ја прекршуваат светлината со помош на 1,3 милиони микро огледала и притоа се насочува, со што на крајот се добива светлина со резолуција од 2,6 милиони пиксели. На таков начин дополнително може да се користи за проектирање на линии за следење на патот.

Исто така, во новата C-Class, се вградува и унапредениот радарски систем, активниот DISTRONIC, кој овозможува самостојно да го запре возилото и при брзина на движење до 100 км/час, што претходно оваа брзина беше ограничена на 60 км/час.

Подобрување има и во системот со камери, кои сега подобро ги читаат знаците и можат да распознаат црвено светло кај семафор.

Благодарение на комбинацијата на издолжена хауба и краток преден испуст на возилото, како и долго меѓуоскино растојание и задниот испуст, новата C-Class добива динамични пропорции. Претходниот модел направи голем исчекор во поглед на привлечноста, но новата C-Class оди уште подалеку во истакнување на модерниот луксуз.

Сите модели, почнувајќи од основниот модел,  ја имаат препознатливата ѕвезда поставена во средишниот дел на предната решетка. Кај дизајн линијата AVANTGARDE има неколку дополнителни декоративни елементи, а особено впечатливи додатоци се забележуваат кај AMG дизајн линијата.

Задниот дел е типичен за лимузина на Mercedes-Benz, и за првпат светлата се дводелни, поделени меѓу страничната и групата светла кај багажникот. Кај новата генерација на C-Class, сите мотори се опремени со дополнителен електромотор, со моќност од 22 КС, сите бензински и дизел мотори се 4-цилиндрични и сите модели, стандардно се опремени со технолошки напредниот 9-степен автоматски менувач.

Освен тоа, достапна ќе биде и хибридна верзија на погонот, со електромотор од 129 КС и батерија чиј капацитет овозможува движење само на струја до 100 километри. Исто така, новина е опцијата управувана задна оска, со чија помош е намален радиусот на вртење на возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK