Цените на нафтата паѓаат под 93 долари – постои закана од рецесија

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на нафтата паднаа под 93 долари на меѓународните пазари во средата под притисок на мрачните економски изгледи и силниот долар што ги потисна стравувањата од недостиг на понуда.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше пониска за 1,42 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 92,87 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,54 долари, по 87,81 долари.

Во фокусот на пазарот денеска беше Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која во својот редовен месечен извештај ги намали проценките за растот на глобалната побарувачка за нафта во оваа и следната година, за 460 илјади и 360 илјади барели на ден.

Цените беа намалени и од силниот долар денес, кој го достигна највисокото ниво во однос на јапонскиот јен во последните 24 години поради загриженоста поттикната од инфлацијата и брзото темпо на зголемување на каматните стапки во САД.

Посилниот долар ја поскапува нафтата за купувачите со други валути и на тој начин ја намалува побарувачката.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK