Цената на редизајнираниот Golf во Германија почнува од 17.850 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси еден месец по промоцијата на освежената верзија на Golf, од Volkswagen стигна и известувањето за цените на домашниот пазар во Германија каде прво ќе биде понудено возилото.

Почетното ниво на опременост ќе биде Trendline, и во него ќе има и LED DRLs и задни светла, старт/стоп систем со обновлива енергија од сопирањето, клима уред и инфотаинмент систем.

Почетнат ацена за основниот модел, во кој ќе има мотор од 84 КС и 1,0 литарски бензински мотор ќе биде 17.850 евра за хечбек верзија, а најевтината Golf variant верзија што ќе користи 1,0 TSI со 110 КС ќе стартува од 21.575 евра.
Во следното ниво Comfortline ќе има и 16 инчни алуминиумски тркала и Front Assist so City Emergency Braking системи, и систем за набљудување на пешаците, додека целосно LED светла и 17 инчни тркла со специјален дизјан и автоматска клима е резервирано за највисокото ниво, Highline.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK