Заканата за европската автомобилска индустрија е реална и за да ги заштити европските производители од агресивните (ниски) цени на кинеските марки, Европа ќе мора да подигне тарифен ѕид со оданочување на секој автомобил со 50%, според студијата на Rhodium Group. објави Фајненшл тајмс.
Истрагата на Европската комисија започната во октомври може да доведе до зголемени царини за кинески возила (или возила произведени во Кина) а увезени во Европа.
Моментално определената царина од 10%, ЕУ може да го зголеми на 30%. Проблемот, според консултантската куќа, е што и со данок од 30 отсто, сепак би било исплатливо за многу кинески брендови да се продаваат во Европа.
– За да се направи европскиот пазар непривлечен за кинеските извозници на ЕВ, веројатно ќе бидат потребни тарифи од 40% до 50%, уште повеќе за вертикално интегрираните производители како BYD – објаснуваат од Родиум.
BYD, на пример, моментално го продава новиот BYD Seal U за 20.000 евра во Кина и во просек 42.000 евра во Европа. Значи повеќе од двојно поскапо. Профитот на BYD, според проценката на консултантската куќа, изнесува 1.300 евра по автомобил во Кина и неверојатни 14.300 евра во Европа. Тоа е силен поттик за извоз во Европа. Со тарифи од 30%, BYD сепак би генерирал 4.700 евра профит по автомобил, според пресметките на Rhodium.
Водечкиот кинески производител на електрични автомобили контролира околу 95% од својот синџир на вредност, од рудници до производство на батерии, вклучувајќи ги системите за помош на возачот ADAS и софтверот за автомобили. Тоа е предност што, според Родиум, може дури и да овозможи намалување на цените без губење пари во Европа, луксуз што не може секој да си го дозволи.