Тoyota со рекордна добивка од 24,61 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата на КОВИД-19 и глобалниот недостиг на полупроводници кои осакатија некои производители на автомобили не се покажаа како пречка за Toyota, која објави рекорден профит за годината заклучно со 31 март.

Годишниот профит на Toyota се зголеми за 36 проценти на неверојатни 3 трилиони јени (24,61 милијарди долари), а приходите се зголемија за 15 проценти на 31,38 трилиони јени (257,42 милијарди долари). Toa е досега најдобрата бројка на компанијата, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,3016 милијарди јени поставен во глобалната продажба во 2016. Во таа бројка е вклучена продажбата на подружниците на Toyota, вклучувајќи го и Lexus.

Тоyota не е уверена дека може да ги надмине сегашните бројки при следното соопштување на резултатите, за фискалната година која завршува на 31 март 2023 година. Се очекува оперативниот профит да се врати на 2,40 трилиони јени (19,69 милијарди долари).

Ваквата прогноза е поради зголемените трошоци за суровините, можноста од инфлацијата и понатамошните потенцијални проблеми со снабдувањето и производството предизвикани од тековниот недостиг на полупроводници, пандемиските заклучувања во Кина и конфликтот во Украина.

Toyota ќе одбере и ќе реши каде ќе ги зголеми малопродажните цени за да ги надомести зголемените трошоци и да го зачува профитот, пишува Automotive News. Додека директорите на Toyota веруваат дека силата на компанијата е нејзината способност да нуди возила по речиси секоја цена, таа е загрижена дека клиентите во некои региони нема да ги одобрат зголемените цени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK