Toyota инвестира 3,4 милијарди долари во електрична иднина во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota објави дека компанијата ќе инвестира околу 3,4 милијарди долари во развојот на бизнисот со батерии во САД до 2030 година.

Компанијата коментираше дека инвестицијата ќе биде наменета за развој и локално производство на батерии за електрични возила, и е дел од вкупната инвестиција од 13,6 милијарди долари, што ја објави Toyota Motor Company пред неколку недели.

Клучна точка во новата насока на развој на бизнисот на компанијата е изградбата на нов комплекс за производство на батерии, кој се очекува да започне со работа во 2025 година, а кој ќе го спроведе Toyota Motor North America во партнерство со Toyota Tsusho.

Голем дел од новата инвестиција ќе биде искористена за поддршка на компанијата во развојот и проширувањето на локалната мрежа за снабдување и производство во областа на литиум-јонски батерии за интеграција во погоните на електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK