Автомобили кои чинат 10.000 евра сè уште постојат, а не зборуваме за Кина или Индија, туку сосема спротивно за инаку скапата Јапонија...
Во Јапонија, Тоyotа сè уште продава многу евтина Corollа. Изгледа различно од глобално достапниот модел бидејќи е базиран на моделот од претходната генерација. Тоyota ја продава оваа генерација што се појави во 2012 година, давајќи му на автомобилот невообичаено долг животен циклус од 13 години.
Покрај него, моментално во Јапонија се нуди понапредна и поскапа верзија, пренесуваат светските информативни агенции.
Toyota Corolla Fielder
Моделот (понуден како седан Corolla Axio и караван Corolla Fielder) сепак ќе биде укинат на крајот на октомври оваа на оваа 2025 година, според соопштението објавено од Toyota Јапонија.
Достапен и во наменска верзија за автошколи, овој буџетски седан чини 1.639.600 јапонски јени за основната верзија со рачен менувач. Претворено, тоа се само 10.360 евра!
Дури и во најскапата верзија со погон на сите тркала и автоматски CVT менувач, автомобилот е сепак поевтин од се што можеме да купиме во Европа, чини (верувале или не) околу 12.100 евра.
Малку поскап е практичниот караван наречен Fielder, со почетна цена од 1.786.400 јени или пресметано во европски банкноти сумата се сведува на пристапни, околу, 11.150 евра.

Следете не и на:

