Тоа е автомобилски Rolex: За Chevrolet Corvette Z06 мора да чекате 3-4 години

ОБЈАВЕНО НА:

Колку повеќе е ексклузивен автомобилот, толку е неговата цена повисока, и уште повеќе време се чека за испорака. Добро тоа зависи и дали истиот се прави рачно, во ограничена количина… За новиот Chevrolet Corvette Z06 велат дела автомобилски еквивалент на Rolex. Потребни се три до четири години за да се добие нарачаниот модел. Нема исклучок, без разлика колку сте богат.

Најновата и најбрза верзија на осмата генерација на Chevrolet Corvette буди големи емоции. За многу Американци тоа е најпосакуваниот автомобил. Сегашната Corvette е првата која целосно го заслужи името на суперавтомобил.

Наместо под хаубата, неговиот мотор е зад грбот на возачот. Верзијата Z06 обично е најдобрата варијанта на „корвета“. Тоа е автомобил што може да се вози по улиците, но можете да го однесете на тркачка патека во секое време.

Chevrolet Corvette Z06

Chevrolet Corvette Z06 е американскиот пандан на Porsche 911 GT3, а оваа генерација не се разликува. Автомобилот доби нов V8 мотор со ознака LT6. Со капацитет од 5,5 литри постигнува дури 680 КС без помош на компресор. Новиот LT6 мотор е најмоќниот атмосферски V8 во светот. Заедно со 8-брзински менувач со двојна спојка, тој го забрзува автомобилот до 60 милји на час (96 км/ч.) за 2,6 секунди и му овозможува да достигне максимална брзина од над 300 км/ч.

Chevrolet Corvette Z06 е вистински триумф на американската технологија, а достапен е и по конкурентна цена од околу 90 илјади долари. Не е ни чудо што луѓето стојат во ред за да го добијат.

Доволно е сега да уплатите аванс од 1.000 долари и да чекате. За 3-4 години ќе можете да го имате… А дотогаш…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK