Возевме Skoda Scala 1.0 TSI 115 KS AMBITION: Чесите подготвени да му „покажат заби“ на Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda веќе е етаблирана како бренд која нуди и повеќе од она што ќе го платите, а сега влегува сериозно во сегментот каде конкуренцијата е огромна, играчите „големи“, а купувачите пребирливи. Со моделот Scala сега чешкиот бренд сака сериозно да покаже дека е подготвен да биде предизвикувач и серизоно се приближува до елитата.

Ако имаш во понудата модел што ќе му биде конкурент на Golf тогаш и ти си подготвен за да се соочиш со најдоброто. Уште при промоцијата моделот беше најавен како „чешки golf” алудирајќи на неговата амбиција на биде рамо до рамо со својот постар и поискусен брат од семејството на Volkswagen.

Откако обидот со rapid не беше баш успешен барем во однос на тоа да се наметне како мала лимузина или караван, логично од страна на VW беше да се направи нов модел. И тоа со возило што ќе биде ново, ќе се почне од „нула“ и ќе се обидат да им ги замрсат сметките на конкурентите. А знаејќи како тоа го направи на пример со octavia и со superb, тогаш за верување е дека и со scala ќе биде слично, а можеби и подобро.

Simply Clever – ФИЛОЗОФИЈА ШТО ПОБЕДУВА
Skoda доживеа вистинска ренесанса на своето постоење под капакот на Volkswagen, и на тој начин е синоним за исклучително квалитетни автомобили, кои се следствено сигурни, и со еден куп опрема и Skoda’s Simply Clever решенија и добра цена, а тоа е мамка на која многумина не можат да одолеат.

Scoda scala ја следи оваа филозофија, а нашиот тест модел ни го покажа тоa на најдобар начин. Skoda Scala изгледа стилски, привлечно и многу пожелно. Кога се возите, многумина се вртат кон scala за да видат за што станува збор. А тоа е првиот ефект од новиот дизајн. Современите линии, малку спортскиот преден крај, специфичната заден дел и хармоничен страничен изглег ја прават scala во целост да биде убав автомобил без оглед на афинитетите.

Skoda scala делува поголема од своите конкуренти, што во суштина и е (од Golf на пример е подолгa за 10 см). Scala е направена на платформата на помалите браќа модели Polo и Ibiza. Значи, имаме простор поголем од Golf, и платформа на помали модели, а како резултат на тоа и пониска цена за производство, а со тоа и впечаток дека како клиент добивме нешто повеќе за помалку.

КАЈ SKODA НЕМА ИЗНЕНАДУВАЊА
Кога ќе ја отворите вратата, нè чека сосема нов ентериер. Иако не носи живописни бои, остава силен впечаток поради неговиот распоред и изборот на материјали. Прво и најважно: има многу места во Skoda scala. Удобно ќе ги смести сите, па дури и оние на задната клупа. Меките материјали и врвната завршница се деталите што ќе ги придобијат сите љубители на автомобили.

Зад воланот се чувствуваме како дома затоа што кај Skoda нема изненадувања и од првиот извозен километар ќе бидете задоволни. Големиот екран на допир ги носи сите релевантни технологии денес, а особено ја потенцираме поврзаноста со паметните телефони, како и напредното управување со автомобилите. Scala е полна со безбедносни карактеристики, како и помош на возачот и лесно е да управувате со сето што е на екранот.

А багажникот ќе ве воодушеви ако решите семејно да отпатувате некаде. Од стандарните 467 литри, по потреба може да стигнете со 1290 литри. Не, доволно, туку и повеќе од потребното.

TSI Е ВИСТИНСКИ ИЗБОР
Сите ние повеќе сакаме дизелски агрегати, но во последно време се повеќе во понудите поатрактивни се оние модели со бензински мотор. Од една страна очекувавме дизелски агрегат, но средбата со овој TSI со три цилиндри и 115 КС го смени нашето мислење.
Едноставно: И вие ќе се запрашате дали ви треба дизел ако имате ваков мотор во автомобилот?

Овој 1.0 TSI вози агилно, живо и троши малку. Што ви треба повеќе од тоа? Турбо моторот е се поуверлив, сите го прифаќаат, а Skoda само го применува тоа што е популарно. Можеби треба да споредите еден дизелски мотор од понудата и овој бензински за да се уверите и вие во она што го кажуваме.

Овој 1.0 литарски мотор има 115 КС, и најголем вртежен момент од 175 Нм. при 2000-3500 вртеи во минута. Потрошувачката е околу 6 литри, зависи како стиската на педалата. Ако сте малку внимателни сигурно ќе видите и 5 на потрошувачката.
Нивото на бучава е за пофалба, што, дури и со поголема брзина, како на автопат, останува во нормални граници.

 

ПОВЕЌЕ ПОФАЛБИ ОТКОЛКУ МААНИ
Ако после неколкудневното возење треба да дадеме „+“ и „-“ тогаш повеќе ќе бидат позитивно.
Комфорот, седењето и багажниот простор се нешто што веднаш плени. Перформансите се тука веднаш, заедно со добрата и тивка работа на моторот. На крајот егрономијата и паметните решенија и се на дофат и се само потврда дека се е на место.
Сепак, маана е што ова не е Golf.

Технички детали
мотор: турбобензински, 3 цилиндри, 12 вентили
зафатнина: 999 см3
сила: 85 KW (115 КС)
вртежен момент: 200 Нм при 2000-3500 вртежи во минута
менувач: 6 степен
погон: на предни тркала
димензии: 4362 х 1793 х 1472 мм.
меѓуоскино растојание: 2649 мм.
маса: 1195 – носивост 560 кг
резервоар: 50 литри
брзина: 201 км/ч
забрзување: 9,8 сек.
потрошувачка: 5.0 / 4,2 / 4,9
CO2: 113 g/km

Цена: Од 14.560 евра
Тест модел: 16.720 евра

Повеќе детали за понудата на Skoda во Македонија можете да најдете во салоните на Порше Македонија или на www.skoda.com.mk

Следете не и на:

24AUTO NETWORK