Тест – Kia Ceed 1.0 T-GDI 120 KS: И семејните возила можат да го „дигнат адреналинот“

ОБЈАВЕНО НА:

Kога ќе стиснете на педалот покажувачот на вртежи многу брзо „скока“. Тоа ви дава до знаење дека изгледот од надвор малку „лаже“. Можете понекогаш и да уживате во поспортско возење. Не очекувајте тоа да биде кој знае како, ама кога се работи за возило со кое ги вржите секојдневните обврски, тогаш кога ќе поскате може да исполни барем малку од вашите спортски желби.

Појавата на Kia Ceed најмногу ги израдува оние што сакаат семејно хечбек возило, а новата генерација на Ceed понуди и многу повеќе опрема, посвеж изглед и требаше да ги задржи оние што веќе имаат автомобил од овој бренд, но и да привлечат нови. Корејците го знаат рецептот за тоа. Ceed е модел што ќе ви биде верен пријател.

На самиот почеток во понудата го имаше моделот со 1.4 MPI бензински агрегат со 100 КС. И тој гледано од неутрален аспект би бил одличен за оние то сакаат превозно средтсво што ќе им биде верен пријател. Но, што е со оние што сакаат понекогаш и да „стиснат на педалот за гаста“. Па што ако имаат возило со кое одат и на одмор? И тоа може да биде „агресивни и моќно“. Добро, не толку моќно, но за таков тип на возило што е 2.000 евра поскап од основната верзија и има 120 КС сигурно и вие рекле дека без проблеми може да помине.

Кога стигна новиот Kia Ceed на пазарот најголемата забелешка му беше што тие 100 КС и неможе да се почувствуваат. Колку и да стискате на педалата, моторот нема да реагира веднаш. Тоа пак од друга страна беше дел од исполнувањето на Euro 6d-TEMP нормите. Затоа, секој има избор. Ако сакаш моќ – плати малку повеќе.

Во понудата на Киа Моторс Македонија веќе може да се добие токму и овој посилен модел со 120 КС. Она што веднаш ќе го забележите е дека наместо од очекуваните 1.4 литри, овие „коњски сили“ се извлекуваат од помал мотор, само 1.0. Сигурно се прашувате дали тоа е навистина така моќно? Може ли да понуди некое спортско чувство?

Речсиси нема производител кој класичните атмосферски мотори не ги заменува со видно помали турбо бензинци. Така се обидува да ја намали потрошувачката, а со тоа и бројот на цилиндри. А од друга страна нуди повеќе сила. Во нашиот случај со Kia Ceed 1.0 T-GDI ima директното вбризгување, променливата работа на вентилите, четири вентилската технологија, турбо компресорот со мала инерција, .. и уште редица нови работи со кои строго се контролира ефикасноста на моторот. А тоа од една страна е работата.

Кога сето тоа ќе се спакува во зафатнина од само еден литар која е распоредена во непарен број цилиндри (најчесто три) се добива мал и лесен агрегат чија силина е на нивото на атмосферските 1.6 литарски мотори. И најважното, кој троши и до 20 проценти помалку од послабите атмосферци. Во нашиот случај тоа е речиси еден литар бензин во градски услови. Се разбира дека се тоа фабрички податоци, но истите не се далеку од реалноста. Сепак се зависи од вас, нели. Но, ако е се како што треба, а вие не „аздисувате“ многу, тогаш сигурно во градски услови ќе добиете просек под 7 литри. Би требало да биде 6,2, но релано е токму околу 7.

На прво седнување во внатрешноста, според првичните впечатоци, веднаш може да заклучиме каков тоа мотор се крие под хаубата. Ќе има и „режење“ и благи бибрации. А кога ќе стиснете на педалот покажувачот на вртежи многу брзо „скока“. Тоа ви дава до знаење дека изгледот од надвор малку „лаже“. Можете понекогаш и да уживате во поспортско возење. Не очекувајте тоа да биде кој знае како, ама кога се работи за возило со кое ги вржите секојдневните обврски, тогаш кога ќе поскате може да исполни барем малку од вашите спортски желби.

Адреналинот може да потскокне. Не као некој расен спортист, туку доволно да ви покаже што може вашиот „пријател“. Во однос на 1.4 литарскиот атмосферски мотор, овој има „плус 20“.  Ако се гледаат крајните перформаси во однос на максималната брзина (187 во днос на 183 км/ч) тоа не покажува некоја разлика. Ама, ако го споредувате пократкото забрзување за 1.5 секунди и тоа како се чувствува. И меѓузабрзувањата го даваат својот придонес кон видливо подобрата динамика. Стиснете само на педалот и се ќе биде поинаку.

Она што е предност на овој трицилиндричен турбо мотор е што има помала потрошувачка. Ако тоа го гледате низ призмата на секојдневмно градско возење, секако ќе се исплати. Ако пак сакате на отворен пат полесно да престигнете, тоа овој мотор со 120 КС ќе ви покаже многу. Kia Ceed со 1.0 T-GDi мотор е посилен, подинамичен и поекономичен од истото возило опремено со 1.4 литарски MPi мотор. Новата технологија си има и своја цена.

Во понудата со овој на 1.0 T-GDi моторо оди пакет со побогатата Black Edition опрема. Останува самите да решите дали вреди. Ние имавме многу причини за радост при нашето дружење. Вам ви останува да се уверите во на што ние веќе го знаеме.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

мотор: бензиски турбо, 3 цилиндри, директно вбризгување, 998 ccm, 12 вентили, Euro 6d Temp

макс. силa:  83.3 kW / 120 КС @ 6.000 (врт/мин)

макс. вртежен момент:  172 Nm @ 1.500 – 4.000 (врт/мин)

димензии:  4.310 x 1.800 x 1.447 (mm)

макс. брзина: 187 км/ч

забрзување  0-100 km/h: 11.3 сек.

тежина на празно возило :  1.222 kg

комбинирана потрошувачка:  5.2 л/100 км (CO2 – 119 g/km)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK