Има нешто во неговиот изглед, светла, „скршени странични линии“ што ви го привлекуваат вниманието. А кога еднаш ќе се загледате, сфаќате дека тоа е она што го сакате. Оваа четврта генерација на Tucson е многу понапредна од претходникот. И ако се гледа по тоа, би требало да биде и попродавана. Оние 1,4 милиони примероци од претходникот сигурно ќе бидат надминати. Има милион причини зошто новиот Tucson ќе биде повторно еден бестселер на корејците.
Текст-фото: Горан Антевски
Кога се купува автомобил има безброј причини зошто да се купи еден или друг бренд, а зошто не, но едно од главните прашања е – дали ви се допаѓа кога ќе го видите? Hyundai со четвртата генерација на Tucson направи „неколку чекори“ напред во споредба со претходникот. Колку успеал во тоа веднаш ни стана јасно и нам и во тоа се уверивме на дело.
Се дружевме 4 дена по различни патишта, градови, села, автопат… и повеќепати не прашаа дали е тоа новиот Tucson? Се распрашуваа за опремата, го разгледават од сите страни и кога им ги гледаш воздишките знаеш дека дизајнерите на Hyundai направиле вистинска работа. Тоа е љубов на прв поглед. А тоа најчесто е пресудно. Едноставно, или го сакаш или не. А кој праша остана пријатно изненаден од она што го гледа пред себе.
Неколку дена по промоцијата на новиот Tucson на македонскиот пазар од страна на Ми-Да Гранд Моторс, ја добивме можност први да го испробаме новиот модел. Најчитаниот портал за автомобили, сообраќај, безбедност и патувања – „24auto” можеше да избира – бензински или дизелски мотор. Се решивме за „чист бензин“ и мотор со сила од 150 КС, со највисокото ниво на опременост – Ultimate.
Tucson е СУВ, но истовремено и семејно возило. Во тоа лесно ќе се уверите. Доволно е да го видите багажникот, и комоцијата за седење внатре. Имате се што му е потребно на едно семејство, па и за долги патувања. А истовремено и ново возило кое е преодредено да го здрма пазарот на компактни СУВ возила. Овие СУВ возила веќе одамна се најпродаваната класа, па затоа и производителите посветуваат многу внимание на нив. Оние што имаат вакви возила во понудата сакаат тие да бидат “врв“.
Има нешто во неговиот изглед, светла, „скршени странични линии“ што ви го привлекуваат вниманието. А кога еднаш ќе се загледате, сфаќате дека тоа е она што го сакате. Оваа четврта генерација на Tucson е многу понапредна од претходникот. И ако се гледа по тоа, би требало да биде и попродавана. Оние 1,4 милиони примероци сигурно ќе бидат надминати. Има милион причини зошто новиот Tucson ќе биде повторно еден бестселер на корејците.
Клиентите купуваат со очи
Дизајнерите на Hyundai успеале да го усовршат изгледот на релативно робусното возило и во основа веројатно и многу елегантно SUV со уникатни светлосни тела со параметарски модел до толкава мера што автомобилот изгледа малку футуристички и дава впечаток на високо-технолошки производ. А она што го два на прв поглед подоцна може многу лесно да го искусите.
Неговата оригиналност е несомнено предност, бидејќи клиентите купуваат прво со своите очи. Благодарение на конзистентно дизајнираното тело, Тусон ги крие своите димензии. Повеќе од неверојатно блеска маската во мракот и на Тусон му е дадена многу поефикасна светлина и енергетски ефикасен целосен LED фар.
Пропорциите на каросеријата се многу складни, така што не дава впечаток дека е премногу голем за градските улици и тесните паркинзи. Црна пластична облога на праговите и браниците додаваат дополнителна заштита од камчиња и цврстина на теренот. Тоа е само знак дека можете и да излезете од асфалтот и без проблеми да стигнете до својата викедничка кој е во средина на некоја нива, или можеби со пријателите на риболов.
Моделот доаѓа со 19 инчни тркала, но во зависност од нивото на опрема можете да имате и тркала со 17 или 18 инча. Автомобилот нема да изгуби ништо од својата привлечност ако не се одлучите за 19-инчни тркала со гуми 235/50 R 19, но секако впечатокот со овие сериски гуми е поуверлив, но и поскап.
Hyundai Tucson изглед
Кабина што делува едноставно а компактно
Само 2 см во должина, 1,5 см во ширина и 1,5 см. подолго растојание помеѓу оските во споредба со неговиот претходник не звучи многу убедливо, но внатрешноста на Tucson е значително попространа, што е најочигледно на задната клупа. Дури и ако возачот е висок повеќе од 190 см, возрасен патник лесно ќе седи.
Сигурно ќе бидете пријатно изненадени од изгледот на кабината. Делува едноставно а компактно. Полукружната линија што оди од едниот до друг крај пред возачот и совозачот ви даваат чувство како да се во некој кокпит. Многу простор за седење, за нозете и секако одлична видлива прегледност.
Греење и ладење на предните седишта, лумбагрно местење на предните седишта, греење на задните седишта, вентилација на задната клупа, заштитни завесни на задните стакла… Тоа е само дел од она што на прв поглед ќе го забележите во внатрешноста и секако ќе ви даде чувство дека сте во возило од премиум класа. А Tucson сака токму тоа да го понуди.
И двете поголеми седишта на задната клупа поделени во сооднос 40:20:40 се загреваат и имаат прилагодлив потпирач за грб. Па така изгледа дека можете дури малку да се опуштите со нозете и грбот. Но, затоа треба да се внимава кога седи помал патник кој е љубопитен и ја пипка страничната рачка за седиштето. Може малку да го притисне нанапред.
Hyundai Tucson внатре
Овој СУВ слободно можете да го наречете и семејно возило. Пространиот багажник од 616 литри е како караван и ќе му служи на семејството совршено. Вп багажникот има електричен приклучок од 12 волти, мрежа за обезбедување на оптоварување и убаво распоредени фиоки во двојното дно, така што никогаш нема да има неред. Дури и тркалото е речиси нормално, барем е тркало а не кит за поправка на дупната гума.
Внатрешноста исто така располага со квалитетни материјали и беспрекорна изработка.
Ем дигитално – ем аналогно
Седнувајќи зад воланот брзо ќе се прилагодите и ќе се чувствувате како дома и околу себе го имате целокупното дигитално опкружување. Tucson импресионира со својата добро осмислена ергономија. Новата табла е дизајнирана на многу модерен начин: зад воланот со четири крака нема повеќе вградени мерачи туку убаво поставен и јасно видлив таблет од 10,25 инчи со флексибилни дигитални мерачи, што е добро видливо на сончева светлина.
Во средината големиот екран може да се пофали со брз одзив на секоја команда. Опкружен е со мазна, подеднакво чувствителна на допир површина и ги содржи сите кратенки на копчињата – осветлени икони за виртуелен прекинувач – за поставување на работата на автоматскиот бришач, за климатизација, вентилација, греење или шофершајбна, како и сите кратенки на копчињата за избирачи на радио контрола., навигација и телефон.
Наместо музика можете да си слушате некој од понудените амбиенти
Ова решение со виртуелните прекинувачи не е толку интуитивно како физичките прекинувачи, но за возачите кои сè уште не се запознаени со екраните, сепак е добредојдено. Пред сè помалку се нарушува концентрацијата зад воланот. Со сите безбедносни системи управувањето работи и преку прекинувачите на воланот. Се едноставно, а сепак во духот на современото.
И во многу работи Tucson ќе се изненанди. Во зависнот во начинот на возење (Eco, Normal или Sport) така се менува и дигиталниот одометар. Па можете да го смените од мала коцка до голем круг. И тоа во различни бои. Tucson нуди и малку задоволство. На секо 10 км. зголмување на брзината коцката во која е впишана брзината се врти…
Возењето со Тucson е удобно, тивко и пријатно
Како дел од највисокото ниво на опрема – ULTIMATE, Tucson им ги нуди на возачот сите најнови активни помагала за возење кои работат многу природно и многу сигурно. Со автоматско сопирање, Tucson е во состојба да спречи дури и несреќа при вртење на раскрсница, го предупредува возачот на раскрсница и пред и зад автомобилот и ги следи пешаците и велосипедистите. Ако стоите на раскрсница и чекате да се вклучи зеленото светло на семафорот и сте се замислиме за момент, откако возилото пред вас ќе тргне а вие се уште стоите возилото ќе ве предупреди дека треба и вие да тргнете. Ако возите повеќе од 2 часа, ќе добиете и прпеорака да сопрете и да одморите.
Активната контрола на патувањето не само што го прилагодува безбедносното растојание, туку исто така ја прилагодува поставената брзина на поостри агли со податоците од навигацијата. Автомобилот совршено го одржува правецот на средината на лентата дури и при брзини под 60 км / ч. Ако возите и ви е вклучена музика во кабината и притоа излегувате од ленатата на движење, за момент музиката ќе се намали и ќе го слушнете предупредувачкиот сигнал.
View this post on Instagram
Возачот има постојано слика од камерите во секое време, напред и позади, па дури и за време на возењето. Секое вклучување на трепкачите за вртење во рамките на мерачите го проширува погледот на страната на возилото со агол на гледање од 50 степени на камерата на слепо место. Овој систем е многу корисен особено во градот, кога автомобилот честопати ја преминува велосипедската патека при вртење. .
Возењето со Тucson е удобно, тивко и пријатно. Ако тргнеме од неговата дизајнерска филозофија, би го опишале возачкото искуство како многу сензуално, а помалку спортско или динамично. Но ако посакувате спортско возење тоа ќе ви го овозможи моторот ако префрлите во Sport.
Електронски контролирано амортизација ја извршува својата работа добро; автомобилот се навалува помалку од порано, подобро ги амортизира ударите на патот. Tucson одржува контакт со патот и реагира доволно прецизно на уште понагли промени на насоката. Растојанието од земја од 17 сантиметри сугерира дека Tucson е дома и кога е на асфалт. Не се плаши од полошо макадам или какво било стрмно спуштање, но не е наменето за патувања на другата страна на асфалтните предели ако за тоа се бараат поголеми напори.
CVVD технологија на променливо отварање на вентилите
Од самиот почеток на понудата Tucson има и бензински и дизлески и хибриден погон. Кај нас ги има само „чистите“ мотори, а ние го воземе бензинецот 1.6 Т-ГДИ со 150 КС и погон на предните тркала. Секако може да изберете и погон на сите тркала.
Моторите се развиени со цел да се намали емисијата на гасови, но притоа да нема компромис со забавата во возењето. Новиот 1,6-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри обезбедува значителна флексибилност и добро се прилагодува на желбите на возачот кој го управува преку 6-степен мануелен. Тоа е првиот мотор опремен со технологија на временско променливо отворање на вентилите (CVVD). Тој ги оптимизира перформансите на моторот и ефикасноста на горивото, а истовремено е еколошки прифатлив. Технологијата со управување на вентилите го регулира отварањето и затворањето на вентилите според условите на возење.
Тоа е е единствен систем кој може д аго промени траењето на отворање на вентилите во текот на возењето во зависност од условите. Технологијата ги подобрува перформансите за 4 отсто и ефикасноста во потрошувачката за 5 отсто, а ги намалува емисиите за 12 отсто.
Како ќе го возите така и моторот ќе ви врати вам. Почнувајќи од Eco, преку Normal или Sport. Секој избран начин донесува и различно однесување.
Очекувајте дека СУВ возило со тежина од 1,7 тони ќе има во себе мотор кој ќе биде доволно силен да гоизвади од секоја ситуација. Нам ни трошеше во просек 8 литри литри бензин на 100 км. Не е лошо, со оглед на тоа што воопшто не го штедевме, го возевме по различни предели, па и доста угорници. А од друга страна толку габаритно возило е сосема нормално да пие толку бензин.
ЗАКЛУЧОК: Hyundai Tucson е автомобил за сите возачи кои сакаат да добијат многу за своите пари. Секој што го цени автомобилот не само според логото, туку и според квалитетна и вградена технологија, ќе најде еден од најдобрите теренски теренци во новиот Tucson во моментот, кој исто така нуди многу опрема за разумен цена. Смело дизајнираниот, богато опремен Тусон нуди сè што бара возачот од автомобил кој купува автомобил на долг рок.
Цена: Почнувајќи од 23.900 евра за 1.6 T-GDI ос ниво на опрема Comfort.
Нашиот тест модел го имаше нависокото ниво на опрема Ultimate и цена од 32.900 евра.
Повеќе информации за моделот – Ми-Да Гранд Моторс
* Ценовник и опрема
* Каталог и повеќе детали за можните опции