Tesla со нови проблеми – ќе се повлечат 12.300 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само неколку недели беше утврдено дека дел од автомобилите на Tesla имаат проблеми со екранот на допир, поради што мораат да бидат повлечени илјадници Tesla автомобили, пристигнува уште една неповолна вест за американскиот производител.

Овој пат истата доаѓа од Германија каде германското друштво за моторни возила, KBA, утврди уште еден нeдостаток на автомобилите на Tesla, поради кој ќе следи ново повлекување, овој пат во Германија.

Во соопштението, KBA наведува дека причината за повлекувањето е потенцијалниот ризик од отпаѓање на лајсните на автомобилот при возење што може да ја загрози безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Според проценките на KBA, потребно е да бидат повлечени 12.300 возила од моделот X ширум светот произведени во периодот од 215 и 2016 година, пренесува Ројтерс.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK