Tesla се пофали со рекордно производство

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla објави дека компанијата пријавила производство на повеќе од 365.000 и испорака на повеќе од 343.000 свои автомобили во третиот квартал од 2022 година. Тоа е нов рекорд.

Во вториот квартал од годината производството на брендот беше на ниво од 258.580 единици, а испораките беа 254.695 единици.

„Како што нашиот обем на производство продолжува да расте, станува сè поголем предизвик да се обезбеди капацитет за транспорт на возила по разумна цена на време“, велат од Tesla.

Податоците објавени од Tesla покажуваат дека во третиот квартал на 2022 година биле произведени нешто помалку од 20.000 модели Model S и Model X (19.935 единици), а биле испорачани 18.672 примероци.

Производството на Model 3 и Model Y достигна ниво од 345.988 единици и испораки од 325.158 единици.

Вкупно, за периодот јули-септември 2022 година, Tesla забележа 365.923 произведени и 343.830 испорачани автомобили

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK