Tesla се пишмани : Нема да произведува батерии во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla ги прекина плановите за производство на батерии во германската сојузна покраина Бранденбург и планира да пренесе дел од производствениот процес во САД поради поповолни даночни олеснувања, објави Министерството за економија на Бранденбург.

Американскиот производител на електрични автомобили првично планираше целиот производствен процес да го лоцира во општина Грунехајде, со максимален капацитет од над 50 гигават часови годишно.

Откако САД им понудија даночни олеснувања на производителите на електрични возила за набавка на батерии од домашно производство, компанијата го промени својот план.

„Tesla започна со производство на батериски системи во Груенхајд и се подготвува да произведе компоненти за батериски ќелии. Во следните производни чекори, тие им дадоа приоритет на САД, бидејќи бизнисот таму е поповолно поради даночните олеснувања“, објаснуваат од Министерството за Бранденбург.

На крајот на јануари Tesla објави дека ќе инвестира повеќе од 3,6 милијарди долари во проширување на комплексот гигафабрики во Невада, кој требаше да добие две нови фабрики, за масовно производство на долго одложуваниот полуелектричен камион и новата батерија 4680.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK