Tesla Model X ги постави стандардите за безбедност (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот X на Tesla заслужено го освои епитетот на најбезбеден автомобил откако на краш тестот спроведен од EuroNCAP освои максимални пет ѕвезди.

Иако не е првиот автомобил што освои пет ѕвезди, а сигурно нема да биде ниту последен, она што паѓа во очи е многу високиот скор што го доби во однос на безбедносната асистенција на возачот од 94%.

За споредба, во однос на овој параметар Mercedes-Benz GLE има 78%, Lexus UX 77%, Audi e-tron освои 76%, а Audi Q7 72%.

Во однос на безбедноста на возачот, моделот X освои 98%, за безбедноста на децата 81% додека пак во однос на безбедноста на пешаците солидни 72%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK