Tesla ја намали гаранцијата на автомобилите – сега важи само 16.000 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla донесе неочекувана одлука за намалување на гаранцијата на автомобилите кои ги произведува. Како што пренесуваат американските медиуми, овој производител ја намалува гаранцијата на само една година или 16.000 поминати километри.

Причината за ваквата одлука засега останува непозната што отвора простор за бројни шпекулации кои не одат во прилог на Tesla.

Пред само една недела овој производител ја укина можноста за враќање на автомобилот, седум денови по купувањето. Оваа можност предвидуваше секој оној кој ќе купи Tesla автомобил да има можност да го врати во наредните седум дена за што ќе го добие целосниот износ кој го платил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK