TCR Europe: PSS Racing се бори за подиум, Џиролами за титула, Давидовски за Dimond трофејот

ОБЈАВЕНО НА:

На два тркачки викенди до крај на седмата сезона во TCR Europe, македонскиот тим и неговите возачи се во конкуренција да се борат за возачката титула, трофејот во Dimond Cup и за подиум во конкуренција на тимови

Македонскиот тим во првенството на TCR Europe на четири трки до крај на сезоната има големи шанси да се радува на некој од трофеите за кои е во игра. Викендов се возат двете трки на патеката Монца во Италија каде повторно се очекува борба меѓу лидерот во генерален пласман, Шпaнецот Микел Аскона и возачот на PSS Racing, Франко Џиролами. Тие двајцата би требало до крајот да бидат најголемите конкуренти за титулата. Разликата меѓу нив е 37 бода.

Џиролами и Аскона беа во главна улога на поелсните две трки во Белгија каде триумфираше Шпанецот, а Џиролами беше зад него. Во квалификациите пак Џиролами освои повеќе бодови од Аскона. За победа во TCR Europe се добиваат по 40 бода, второпласираниот добива 35. Бодови се добиваат и за квалификациите од 10 до 1 за најдобрите.

Сезонава Џиролами четирипати беше на пиедесталот, еднаш како третопласиран, двапати втор и еднаш победи, на трката во Холандија.

Во конкуренција на тимови, PSS Racing скокна на третото место во генерален пласман по последната трка во Белгија. Сега македонскиот тим 379 бода, и е зад тимот на Sebastien Loeb Racing и на Comtoyou Racing. Во генерален пласман се собираат бодовите на возачите, а PSS Racing има само двајца возачи. Франко Џиролами и Виктор Давидовски.

Слично како неговиот колега, Џиролами кој се бори за титулата, така и Давидовски до крајот на првенството ќе биде во игра за титулата и трофејот во Dimond Cup, за возачи над 40 години. Таму конкурент на Давидовски (82 бода) е Мартин Риба кој има четири бода повеќе.

Слободните тренинзи на Монца се во петок, квалификациите во сабота кога се вози и првата трка. Втората трка се вози во недела.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK