Страв за сите „брзи возачи“ – доаѓа џебен радар, мери до 640 метри (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Радарот TruSpeed ​​е способен да контролира брзина до 300 км на час, но не само тоа, бидејќи благодарение на 7-кратниот зум, полицаецот кој го има во рацете ќе може да ја види внатрешноста на возилото за да провери дали возачот не зборува незаконски на телефон, дали ремен е правилно прицврстен и дали ги има сите задолжителни налепници залепени на шофершајбната.

Полицијата многу често поставува радари на патиштата за да ги „фати“ оние што не се придржуваат на ограничувањата во однос на брзината. И најчесто се тоа патроли, со возила кои се поставуваат на делници каде се впечатливи. Но, тоа брзо ќе се измени зашто во Франција веќе се користат „џебни радари“. Истите многу брзо ќе ги имаат и другите полицајци во земјите од ЕУ.

Овој џебен радар од 2018 година се наоѓа во експериментална употреба, но сега примероци од TruSpeed се веќе испорачани кај полицијата.

Прва што ги употреби е полицијата на Франција. Радарот е толку мал што секој полицаец може да го носи со себе и да го користи каде што сака, со секаква дискреција.

Радарот TruSpeed ​​е способен да контролира брзина до 300 км на час, но не само тоа, бидејќи благодарение на 7-кратниот зум, полицаецот кој го има во рацете ќе може да ја види внатрешноста на возилото за да провери дали возачот не зборува незаконски на телефон, дали ремен е правилно прицврстен и дали ги има сите задолжителни налепници залепени на шофершајбната.

 

 

Со опсег од 640 метри, може да се користи дури и во дождливи денови или со намалена видливост. Се разбира, работи само кога полицаецот е во мирување. Затоа, не може да се користи од патролен автомобил во движење.

TruSpeed ​​им се придружува на радарите во приватни автомобили, кои се користат и во Франција. Тоа само укажува да бидете внимателни и да се придржувате на прописите.
А откако ќе почнат да се употребуваат во повеќе земји сигурно ќе дојдат брзо и на Балканот. Туку ќе бидат „финансиски поисплатливи“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK