Српски камионџија направи вистински хаос во Истанбул (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Колку што знае да го олесни патувњето, GPS навигацијата знае да биде и тоа како причина за вистински сообраќаен хаос. Досега сме биле сведоци на најразлични вести за вакво нешто од Австрија, Германија, Италија и Полска, а последната доаѓа од Турција.

Станува збор за настан во кој главната улога ја има возач на српски камион MAN. Неименуваниот возач со голем камион завршил во популарниот турски кварт Ускудар за кој се карактеристични тесните улици.

Причината за ова како што пренесува турската новинска агенција Анадолија е GPS навигацијата која го наведе возачот на погрешни правци.

При маневрите, возачот оштети неколку околни објекти, а на крај по наредба на полицијата мораше да ја откачи приколката која во текот на ноќта со помош на кранови беше отстранета.

Покрај оштетените околни објекти, камионџијата го блокира движењето на тесните улички повеќе од 12 часови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK