WRC шампионатот доаѓа во бивша СФРЈ

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе од следната година би можеле да гледаме трка од WRC шампионатот во регионов. Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, Хрватска има планови да аплицира за трка во WRC.

“По седум години преговори, конечно ќе се обидеме официјално да ја отвориме вратата на Загреб и Хрватска за WRC. Владата, Градот Загреб и нивните институции ја дадоа својата поддршка, а тоа покажува колку нам ни е важно ова. Сега мораме да направиме се за да го положиме овој тест до крајот на годината” изјави Давор Штетнер, од хрватскиот авто и картинг сојуз.

Хрватска и во 2019 година беше блиску до трка во овој шампионат, но неуспешно. Во октомври годинава во близина на Загреб ќе се организира тестна трка и доколку ги исполни строгите критериуми тогаш и официјално ќе се појави на календарот на WRC.