Шампионот Ожије ќе вози Ford Fiesta за M-Sport

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот возач во WRC, Себастијан Ожије следната сезона ќе вози за M-Sport WRC откако ги договори условите со екипата. Досега тој беше дел од тимот на Volkswagen, но Германците решија да се повлечат до СП во рели.

Ожије же вози Ford Fiesta RS WRC, возило што беше промовирани во петокот, а кон крајот на ноември имаше и мало тест возење на моделот за да се запознае повеќе.

„Ќе има многу нови работи во новата сезона, но јас сум подготвен за она што не очекува. Имаме нов нова генерација на WRC возила и нов тим, и тоа е навистина предизвик. Нем амногу време до првата трка во Монте Карло, но ќе дадеме се од себе за да се подготвиме. Свесни сме за предизвикот, гледам колку тимот е гладен за успеси, изјави Ожије.

Негов партнер во тимот на M-Sport ќе му биде От Танак. Ожије во ноември го тестираше и новиот модел на Toyota Yaris WRC.

Од досегашните возачи на Volkswagen само Андреас Микелсен се уште нема ангажман, а Јари Мати Латвала треба да биде промовиран во нов возач на Toyota.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK