Од 2022 година автомобилите во WRC ќе бидат на хибриден погон

ОБЈАВЕНО НА:

Дали доаѓа крајот на оние рели натпреварувања кои добро ги познаваме? Организациониот одбор на WRC донесе одлука од 2022 година во ова натпреварување, автомобилите да користат хибриден погон.

Сите автомобили ќе користат иста хибридна единица составена од заеднички компоненти и софтвер во првите три години додека од 2024 година планирано е на учесниците да им се даде поголема техничка слобода.

Со ова, по F1 и 24 Ле Ман, и WRC влегува во листата на натпреварувања каде на некој начин ќе биде користена современа хибридна технологија. Колку сето тоа ќе влијае врз автентичноста на овие трки останува да видиме за некоја година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK