Ford со новата хибридна Puma ќе се трка во WRC (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

M-Sport Ford World Rally Team својот хечбек Fiesta го замени со кросоверот Puma. Се работи за хибриден кросовер бидејќи Rally1 правилата за 2022 година во WRC налагаат поевтини и поедноставни автомобили, додека Puma WRC ја напојува 1,6-литарски турбобензинец во комбинација со електричен мотор од 100kW и 3,9kWh батерија.

Хибридниот систем се заснова на plug-in технологија иако Ford уште не продава plug-in Pumа на пазарот. Автомобилот со користење само на електричниот погон може да помине пат меѓу делниците после 25 минутно полнење. Електричниот мотор ќе овозможи дополнителна сила на мотроот на специјалните делници, а треба да се знае и дека од следната сезона ќе се користи одржливо гориво.

M-Sport потпиша тригодишен договор по нови правила, а во WRC се надеваат дека ќе привлечат уште производители. Hyundai веќе почна да го тестира својот хибриден автомобил базиран на моделот i20N.

WRC Puma

M-Sport Ford World Rally Team својот хечбек Fiesta го замени со кросоверот Puma. Се работи за хибриден кросовер бидејќи Rally1 правилата за 2022 година во WRC налагаат поевтини и поедноставни автомобили, додека Puma WRC ја напојува 1,6-литарски турбобензинец во комбинација со електричен мотор од 100kW и 3,9kWh батерија.

Откако се појави на Goodwood фествалот на брзина, Puma ќе стане развоен автомобил на Ford и M-Sport.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK