Владимир Тренески е победник на првата трка од Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Владимир Тренески е победник на првата трка од првенството на Twingo Cup што викендов се вози на патеката Хунгароринг во Унгарија. На подиумот се искачија и Давид Малинковски кој беше второпласиран, и Зоран Мираковски како третопласиран од макеоднските натпреварувачи. Тренески и Малинковски беа и во Топ-10 во генерален пласман во конкуренција на 32 возачи колку што стартуваа на трката.

За првенството на Македонија сезонава е планирано да с евозат вкупно 12 трки на шест различни патеки во Европа. Вторатат трка од Twingo Cup се вози исто така денеска на Хунгароринг од 15,20 часот.

Новата сезона во Twingo Cup почна одлично за македонските натпреварувачи кои од девет возачи, осуммина ја завршија трката. Единствено Марко Блажевски имаше инцидент уште во првиот круг кога СловенецотАндреј Шкорјанц го удри од позади, по што Блажевски загуби контрола излета од патеката и со скршен преден браник и оштетена лева страна на возилото. Тоа беше причина за негово откажување од трката.

За победникот Владимир Тренески ова е деби настап на патеката во Унгарија во Twingo Cup и уште вчера на тренинзите и квалификациите покажа дека патеката добро му „легнала“. Уште од самиот почеток тргна добро и од 12 место после првиот круг стигна на седмата позиција. Таму се задржа неколку кругово кога успеа да скокна две места погоре и да биде петти. Но, потоа повторно се врати на седмата позиција на која заврши и на крај од трката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Актуелниот првак од лани Давид Малинковски на половина од трката беше на 13 а потоа и на 12 место. Во шестиот круг успеа да се искачи две места погоре и да биде деттопласиран, освојувајќи 15 бодови н апрвата трка. Сигурна трка извозе и Зоран Мираковски кој стартуваше од 21 место, од од круг во круг полека напредувапе за бна крај да биде 15 во генерален пласман и трет во првенството на Македонија.

Во пласма за првенството на Македонија на четвртото место се пласираше Слободан Трајковски, а петти беше Ангелче Стојковски. Дебитантите Борис Стојменов и Мурис Хамзиќ исто така ја завршија трката и ги освоија првите бодови во првенството. Единствено Ненанд Костовски не стартувапе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK