Виктор Давидовски останува во Comtoyou Racing – со четири возила ќе ги бранат титулите во TCR Europe

ОБЈАВЕНО НА:

Comtoyou Racing ги објави четворицата возачи кои ќе ги бранат титулите што ги освои белгискиот тим во TCR Europe во 2022 година. Том Коронел и Виктор Давидовски остануваат во тимот, додека за 2023 година се приклучуваат Џон Филипи и Коби Пауелс. Тимот повторно ќе користи Audi RS 3 LMS со кој лани ги освои сите четири титули на TCR Европа.

Давидовски лани стигна до титулата во Diamond Trophy a имаше и триумф, со што стана првиот и единствен Македонец што победил на трка од TCR Europe. За разлика од претходните години сега негов колега нема да биде Франко Џиролами кој е првак и со кого претходните години возеа и во тимот на PSS Racing во сопственост на Давидовски.

Тој лани првпат возеше и трка од WTCR исто така со тимот на Comtoyou, што е исто така историско за Давидовски и за македонскиот автоспорт. На трката од WTCR Давидовски се искачи и на подиумот што беше најголемиот негов успех.

Опишан од тимот како негов „капитен“, Коронел оствари две победи лани на пат да ја заврши сезоната како вицешампион. Неговиот лански колега Франко Џиролами беше шампион, а Давидовски го освои Diamond Trophy и триумфираше на втората трка во Франција. Тимот на Comtoyou Racing беше и екипен победник.

Новиот член на тимот, Филипи му се придружува на Comtoyou од тимот Sébastien Loeb Racing – Bardahl. Лани победи на првата трка на Монца возејќи CUPRA Leon Competicion. Белгискиот возал Паувелс (18) ќе се надева дека ќе го повтори достигнувањето на Марко Бути, кој го освои трофејот Rookie 2022 за Comtoyou Racing.

Покрај четирите возила што ќе се појават во TCR Europe, тимот најави и тим со два автомобили за TCR World Tour. Како резултат на тоа, Фредерик Вервиш и Роб Хаф ќе го зглемат бројот на бројот автомобили Comtoyou Racing Audi RS 3 LMS на трите настани на TCR Европа кои ќе бидат дел од TCR World Tour.

Говорејќи на прес-презентацијата на тимот, директорот на тимот Жан-Мишел Баерт рече: „Во Comtoyou Racing отсекогаш уживавме во предизвик. Секое достигнување е само чекор кон следната цел. Сезоната која е пред нас ветува дека ќе биде најинтензивната во нашата историја.

Робин Ван Хемелијк, раководител на проектот на тимот TCR Europe, додаде:
„TCR Europe е одлично првенство и 2023 година се обликува да биде особено добра, со добар календар и многу силна конкуренција. Имаме четворица возачи во нашите редови за одбрана на четирите титули Том Коронел е лојален член на Comtoyou Racing и минатата година имаше водечка улога во првенството. Како и Виктор Давидовски ќе донесе стабилност. Нов во тимот ќе биде Џон Филипи, кој има големо искуство во трките со туринг автомобили и ќе може да го донесе тоа искуство во тимот, и Коби Пауелс, млад талент во кој имаме голема доверба. Едвај чекаме да почне сезоната“.

2023 TCR Europe календар
28/29/30 април – Autodromo do Algarve, Portimão, Португалија
12/13/14 мај – Pau, Францја
26/27/28 мај – Spa-Francorchamps, Белгија
16/17/18 јuни – Hungaroring, Унгарија
21/22/23 јули – Circuit Paul Ricard, Le Castellet, Франција
22/23/24 септември – Autodromo Nazionale Monza, Италија
20/21/22 октомври – Circuit de Barcelona, Catalunya, Шпанија

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK