Twingo Cup: На Малинковски за малку му избега подиум на Хунгароринг

ОБЈАВЕНО НА:

Петмина Македонци се пласираа во Топ-10 на вторатат трка од Twingo Cup што се возеше на Хунгароринг во рамките од FIA CEZ

Давид Малинковски за малку не успеа да се искачи ба пиедесталот во генерален пласман на FIA CEZ трката од Twingo Cup што се возеше на патеката Хунгароринг. Тоа за 0,4 секунди беше зад Словенецот Ник Стефанчич кој беше третопласиран. Беднаш зад Малинковски трката ја заврши и Слободан Трајковски кој и покрај пехот со автомобилот и малиот инцидент на првата трка успеа да се врати и на крајот дури и да биде 0,6 секунди зад сонародникот Малинковски.

Во Топ-10 на трката имаше петмина Македонци, што е повеќе од првата трка кога тројца беа меѓу првите 10 во конкуренција на 21 натпреварувач. Сега меѓу десетте најдобри се најдоа и Ангелче Стојковски, Мартин Костовски и Милан Ѓорѓиевски.

Во првенството на Македонија што исто така се возеше на Хунгароринг првите три места беа за Малинковски, Трајковски и Стојковски.
Редоследот по кој тргна втората трка беше според пласманот од првата каде Трајковски тргна од шетвртиот ред, а Малинковски и Стојковски веднаш зад нив.

Резултати – генерален пласман

Оваа сезона во Twingo Cup ќе има повеќе интернационални трки, а оваа во Хунгароринг го означи почетокот на сезоната во која македонските натпреварувачи ќе им се спротистават на своите колеги од Словенија, Србија и Унгарија.

Победник на трката е Словенецот Матеј Ивануша, пред сонародниците Урбан Јеловчан и Ник Стефанчич. Ивануша трката ја почна од 6 ред, но успеа да ги престигне сите вклучително и носителот на пол позицијата Стефанчич.

Оваа втора сезона на Twingo Cup покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во:
Серес – Грција (Јуни),
Гробник – Хрватска (Јули),
Словакиаринг – Словачка (Август),
Red bull Ring – Австрија (Септември)
Серес – Грција (Ноември) CEZ

Тројца Македонци во Топ-10 на првата трка од Twingo Cup – Мартин Костовски со најбрз круг (Фото/Видео)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK