TCR Europe: Во викенд полн со проблеми и откажувања Давидовски освои бодови и скокна на 6 место

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо планираните две трки на Нирбургринг викендов во TCR Europe се возеше само една. Причина беше густата магла во саботата кој ги откажа квалификациите и првата трка. Нашиот Виктор Давидовски беше меѓу оние што ќе сакаат што побрзо да го забораат овој тркачки викенд иако освои бодови со кои се искачи на 6. место во генерален пласман.

Првиот малер со кој се соочи Давидовски е што дел од постигнатите времиња на слободните тренинзи не биле евидентирани од неговиот уред во возилото до судиите. Така мораше да тргне од последното место. Квалификациите беа откажани и првата трка, а на втората иако тргна од последното место Давидовски стигна до 10 место. И тогаш бепе удрен од Шпанецот Калејас по што и со оштетно возило нашиот возач стигна на целта и освои три бода.

Со новите бодови сега Давидовски е на 6 место во генерален пласман. Заедно со неговите клупски колеги Том Коронел и Франко Џиролами, екипата на Comtoyou Racing е лидер со 566 бода, и има 126 бод аповеќе од второтпласираниот тим на Volcano Motorsport.

„Не можам да бидам задоволен од 14. место, но тоа се трките. Иако стигнав до 10. место, бев удрен од Калјехас и тоа се рефлектираше на перформансите на возилото. Вложив големи напори во тренинзите, за да имам добар сет-ап за трката, но дефектот на транспондерот значеше да стартувам од 19. место, иако имав време за пласман меѓу првите шест. Во тркачка смисла, не може да биде полошо од ова. Се надевам дека лошата среќа го зема својот данок тука на Нирбургринг, па на следниот гран при викенд во Монца (24/25 септември) ќе биде наш ред да се радуваме. Им честитам на моите колеги Коронел и Џиролами за победата и пласманот на подиумот, мала утеха ми е тоа што екипно сме први на табелата, изјави Давидовски.

Победник на трката во Германија беше Том Коронел пред Никола Балдан и Франко Џиролами. Во генерален пласман на возачи Аргентинецот Џиролами е лидер со 305 бодови, пред Фајлс со 227 и Коронел кој има 214 бода.

Следната трка се вози на 24 и 25 септември во Италија на патеката Монца.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK