TCR Europe: Перфектен викенд за Давидовски – четврто место во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами стигна како петти, и двајцата возачи на PSS Racing освоија вкупно 51 бод на втората трка на Пол Рикард во Франција.

Виктор Давидовски го постигна најголемиот успех во настапот на TCR Europe, освојувајќи го четвртото место на втората трка во Франција. Заа малку не успеа да стигне до пиедесталот бидејќи во претпоследниот круг побрз од него беше Сами Тауфик. Клупскиот колега на Давидовски, Аргентинецот Франко Џиролами беше петти заокружувајќи го одличниот настап на македонскиот тим.

Давидовски по вторпат освои трофеј во Diаmond Cup истокако и вчера и е на првото место во таа конкуренција. Ова беше најдобриот викенд за Давидовски откако се натпреварува во TCR Europe, покажувајќи дека сезонава има што да покаже на патеката.

На втората трка од TCR Europe викендот во Франција, двоецот на PSS Racing тргна од пол позицијата. Но, лошо стартуваа у веќе по првиот свиок му дозволија на Џими Кларе и Мајк Аскона. Давидовски беше третопласиран, а Џиролами беше седмопласиран.

После третиот круг Давидовски падна на 5. место а Гироламни се искачи на 6, а пото аповторно беше седмопласиран.Во 6. круг откако Џек Јанг и Ник Лангевелд имаа контакт, едниот заврши со пукната гума а другиот мораше да влезе боксот за да ја замени гумата. Тоа им овозможи на возачите на PSS Racing да се искачат на третото место (Давидовски) и петтото место (Џиролами).

На два круга до крај Сами Тауфик успеа да го престигна Давидовски и на возачот на Hyundai да му донесе подиум.

Во генерален пласман води Аскона со 143 бода, пред Бенани со 92 и Џими Кларе со 87. Франко Џиролами од PSS Racing е четвртопласиран со 86 бода. … Виктор Давидовски сега има 48 бода по двете трки во Франција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK