TCR Europe: Давидовски извозе трка до крај – Гиролами го удрија за откажување

ОБЈАВЕНО НА:

Последните две трки во TCR Europe со правило се очекуваше да бидат неизвесни до крај, и новиот шампион ќе биде решен во последната трка. Шпанецот Микел Акона направи „хет-три’ со трет триумф по ред и се радуваше и на домашната патека на Харама. Тој беше најбрз и на квалификациите и во текот на трката постојано го имаше водството.

Нашиот возач Виктор Давидовски успеа да извозе мирна трка без инциденти, стигна на целта но не освои бодови. Тргна од 18 место од 24 возачи, и на целта стигна на таа позиција. Успеа да се искачи две позиции погоре, но во последниот круг беше престигнат од Сапаг и Леонов.
Вториот возач на PSS Racing, Франко Гиролами имаше убава шанса да освои бодови, да биде можеби и во трка за подиум, но на половина од трката беше принуден да се откаже откако беше удрен од Мајк Халдер, дотогаш лидерот во шампионатот.

Уште во вториот круг безбедносното возило мораше да излезе на патеката откако имаше судар меѓу Пепе Ориола и Џесика Бенкам. Возилата заглавија веднаш до патеката во песокта, па мораше да бидат отсранети. Поради тоа уште два дополнителни круга ќе се возат до крајот со цел да се запази возење на 15 тркачки кругови.
Во тие моменти Давидовски беше на 18 позиција, а неговиот клупски колега Гиролами беше „скокнат“ на 8. место, откако тргна од 13 место на стартот. Во трката останаа 21 возило од вкупно 24 колку што тргнаа на стартот.

Во 9. круг повторно мораше да излезе на патеката откако две возила се судрија и излетаа. Во борба за 6. место беа три возила, а додека Гиролами од PSS Racing се обидуваше во свиок да престигне од страна го удри Мајк Халдер кој претходно изгуби контрола врз своето возило. Двајцата завршија во песокот крај патеката и мораа да се откажат.

Откажувањето е поголема загуба за Халдер кој во трката влезе како прв кандидат за титулата, но откажувањето го чинеа поени, па мораше да задоволи со тоа што ќе има уште една шанса во следната трка, но ќе мора да биде подобар од другите и да не калкулира туку да оди на победа.
Виктор Давидовски во овој 10 круг се искачи на 16 место, на чекор до влез во бодови. Иако безбедносното возило беше излезено на патеката, останува одлуката дека трката може да биде продолжена само за два круга и наместо 15 ќе се возат 17 круга.

Првакот во TCR Europe ќе се реши во последната трка која исто така треба да се вози денеска. Меди Бенани од МАроко влегува со 250 бода, пред Мајк Халдер од Германија и Николас Баер од Германија со 220 бода.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK