Сé e подготвено за релито Дакар 2020 – целосно во С.Арабија

ОБЈАВЕНО НА:

Сé е подготвено за 42-то издание на најпопуларното Дакар рели. Овогодинешното издание стартува на 5 јануари и ќе се вози се до 17 јануари.

Вкупно 351 натпреварувач ќе стартуваат на 5 јануари од Једа кога е закажан стартот на првата етапа која ќе се вози до Ал Ваџ. Оваа година ќе се возат вкупно 12 етапи, сите во Саудиска Арабија, а победниците ќе бидат прогласени во Ал Кидја.

Oва рели кое е познато и како Париз-Дакар, за прв пат се одржа во 1979 година. Во моментов се шпекулира за можно враќање во Африка каде последен пат се возеше во 2007 година, а година подоцна и не се одржа поради безбедносни ризици.

Азија е четвртиот континент каде ќе се вози ова рели. Претходно се возеше во Европа (дел од рутата), Африка и Јужна Америка.