Роденденски подарок од ВРЦ: Ќе наполни 17 години и ќе вози вистинска рели кола

ОБЈАВЕНО НА:

Кале Рованпера е 16 годишно момче од Финска кое за својот роденден ќе го добие најголемиот подарок – ќе тестира вистински ВРЦ автомобил, и ако тоа го мине успешно на крајот од октомври ќе се појави на релито во Велика Британија.
Но, Кале не е било кој тинејџер, бидејќи потекнува од рели семејство. Неговиот татко е Хари Рованпера кој возеше за Seat, peugeot, Mitsubishi и Skoda во периодот од 1993 до 2006 година, и победи на трката во Шведска во 2001.

Кале ќе наполни 17 години на 1 октомври и веќе следниот ден ќе тестира во Финска. Ако тоа помине добро тогаш за 24 денови ќе стигне подарокот, настап на брзински испит во В.Британија како дел од ВРЦ релито. Планирана е и втора шанса на крајот од првенството, од 16 до 19 ноември во Австралија кога повторно ќе тестира, А за 2018 година постои пообемен план.

На осум годишна возраст Кале веќе имаше видео снимки на Youtube како дрифта со Toyota Starlet и тогаш беше вистински хит.
Во 2016 година победи во првенството на Летонија, а во 2017 во Финска и победи на две трки, а настапи и во првенството на Италија со посебна лиценца.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK