Рекорд! Ги променија четирите гуми за само 1,82 секунди (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

И додека вие чекате со часови за да ги промените летните со зимски гуми, тоа некој го прави за помалку од две секунди.

Импресивен рекорд постави F1 тимот на Red Bull кој успеа да го изведе најбрзиот пит-стоп.

Во рамките на трката за големата награда на Бразил, механичарите на оваа екипа успеаја да му ги променат четирите гуми на Макс Ферштапен за само 1,82 секунди.

Не верувате? Погледнете на видеото во продолжение.

Инаку и претходниот рекорд припаѓаше на оваа екипа. Така за големата награда на Велика Британија која се одржа оваа година, механичарите на тимот успеаја да ги променат гумите за 1,92 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK