PSS Racing повторно на маки – поради Ковид-19 нема да возат во Барселона

ОБЈАВЕНО НА:

Поради тоа што Македонија се уште е на листата на високо ризични земји на македонските граѓани им е оневозможено да патуваат во Европа, а со тоа и нема да можат да настапат на некои важни натпревари. Тимот на PSS Racing и Виктор Давидовски ќе мораат да ја пропуштат трката од TCR Europe првенството овој викенд во Барселона.

Нашиот тим сезонава единствено успеа да добие дозвола за патување во Италија и таму Давидовски имаше одлично прво возење каде се пласираше на 9 место. Сличен пласман ќе имаше и на втората трка, но во последниот круг на неколку свиоци пред крај возилото имаше дефект и мораше да се откаже.

На првата трка Давидовски се искачи на подиумот и го доби трофејот на Јокохама Дајмонд за натпреварувачи над 40 години, како најдобро пласиран возач во таа класа.

Давидовски е единствениот Македонец што настапува во првенството на TCR Europe едно од најпрестижните тркачки серии. Сезонава поради Ковид-19 има само шест трки. На првите две во Франција и Белгија немавме натпреварувач, а доколку се биде во ред на последните две трки на Спа на крајот на октомври и плус уште една трка во Шпанија на почетокот на ноември.

За жал ќе ја пропуштиме возбудата на тркачката стаза и овој викенд.PSS Racing Team повторно е спречен да учествува на…

Публикувахте от PSS Racing Team в Сряда, 7 октомври 2020 г.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK