Подиум за PSS Racing во Словачка – Џиролами со одличен старт до Топ-3

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на PSS Racing Имаше одличен викенд во Словачка, и на втората трка Франко Џиролами се искачи на пиедесталот освојувајќи го третото место. Неговиот клупски колега Виктор Давидовски го освои 18 место, но не освои бодови на втората трка.

Џиролами стартуваше од 5 место, а Давидовски од 17 место. Веќе со гасењето на светлата на семафорот Џиролами имаше одличен старт и од петтото стигна до второто место најавувајќи дека Honda e подготвена за трката иако Словачка не одговара многу за нивните автомобили. По првиот круг Давидовски беше на 16 место.

Во првиот круг излезе безбедносно возило поради проблеми со едно возило на Семи Туфик кој влезе во бокс. И после ова Џиролами го задржа второто место, но сеирозно беше притискан од Микел Аскона кој беше зад него.
Во 5. круг Аскона успеа да го мине Џиролами и пото апочна битка со Бенани за победата. Џиролами остана на третото место до крајот на трката освојувајќи 30 бодови од оваа трка. Со вчерашните 12, сега Џиролами.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK