Одлична трка за PSS Racing: Џиролами и Давидовски освоија вкупно 33 бода на првата трка во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Давидовски го освои Diamond трофејот на трката.

Тимот на PSS Racing имаше одлична прва трка во Франција на патеката Пол Рикард како дел од TCr Europe, oсвојувајќи вкупно 33 бода. Двата возачи трката ја завршија во Топ-8, Џироламни беше седмопласиран, а Давидовски веднаш зад него. На ова треба да се додаде дека возачите освоија бодови и во квалификациите каде беа во Топ-10.

Првата трка Давидовски ја почна од 10 место, а Џиролами беше пред него. Но уште во првиот круг по добриот старт Давидовски излезе на 8 место, а Џироламни беше на 11 место. Веќе во вториот круг и двајцата возачи „скокнаа“ едно место погоре, а по откажувањето на дебитантот Калехас, сега беа на 8 и 9 место.

Тој распоред на патеката се задржа се до 8 круг кога Џиролами направи одлично престигнување и од 9 место се искачи на 7 место, а Давидовски остана како осмопласиран. Така се задржаа до крај на трката освојувајќи 18 и 15 бода за своите резултати.

Победник на трката беше Теди Кларе на Peugeot, пред Феличе Јелмини на Hyundai, и Џими Кларе исто така на Peugeot.

Во генерален пласман води Микел Аксона со 108 бода, пред Меди Бенани со 71 бод, Том Коронел 66 и Феличе Јелмини со 65 бода. Франко Џиролами е на 6 место со 62 бода….Виктор Давидовски е на 15 место со 21 освоен бод.

Втората трка се вози утре.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK