Од следната година WRC доаѓа во соседството

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално е потврдено дека од следната година Светскиот рели шампионат (WRC) ќе се вози и во Хрватска. Ова го соопшти WMC, која е дел од Светската автомобилска федерација (FIA).

Релито во оваа земја ќе се вози од 22 до 25 април. Стартот ќе биде во Загреб, при што ќе се вози по локални патишта во Загребската, Карловачката и Крапинско-Загорската жупанија.

Покрај во Хрватска, засега познати се уште осум рели етапи кои ќе се возат во: Монако, Шведска, Кенија, Португалија, Италија, Финска, Јапонија и Естонија.

Во однос на екипите, засега своето учество го потврдија Hyundai Motorsport и Toyota Gazoo Racing WRT.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK