Netflix со серија за Аиртон Сена

ОБЈАВЕНО НА:

Netflix ќе започне со снимање на биографска серија за животот и кариерата на Formula 1 легендата, Аиртон Сена.

Серијата од осум дела е дело на бразилскиот филмски продуцент Фабијано Гуљане, а е со одобрение на фамилијата Сена.

Серијата покрај во неколку европски земји ќе се снима и во Сао Пауло, градот во кој израсна Сена. Ќе биде на англиски и на португалски јазик, а засега останува нејасно кој ќе го глуми Аиртон Сена.

За потсетување, Сена освои три шампионски титули во Формула 1 натпреварувањето, во 1988, 1990 и 1991 година. Почина по несреќата на 1 мај 1994 година во Италија, на 34 годишна возраст.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK