McLaren во боите на Gulf Oil на трката во Монте Карло (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

McLaren Racing и стратешкиот партнер на тимот, Gulf Oil International објавија дека болидите на тимот ќе добијат специјална тематска изведба на боја за учеството на трката за ГН на Монако на 23 мај.

McLaren Racing и Gulf можат да се пофалат со долгорочна и исклучително успешна соработка во текот на изминатите години, а во јули лани објавија продолжување на нивното стратешко партнерство.

Покрај болидите специјалната комбинација на бои ќе бидат и на тркачките тимови на Ландо Норис и Даниел Рикиардо, социјалните канали на тимот.

Возачите на McLaren Racing ќе добијат и нови тематски кациги, кои ќе бидат понудени на томбола за добротворни цели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK