Македонците пак доминираат: Маркo Блажевски втор на Монца во Euro Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

На оваа трка која беше прекината со одлука на директорот на трката најбрз круг имаше Владимир Тренески. Во Топ-10 повторно имаше четворица Македонци.

Актуелниот македонски првак oд 2022 Марко Блажевски заврши како второпласиран на втората трка од Euro Twingo Cup што се возаше на патеката Монца во Италија, и ја продолжи низата на освојување бодови на главната трка, што ја почна вчера неговиот сонародник Бојан Петрушевски. На втората трка од Euro Twingo Cup што исто така се возеше на позната Ф1 патека во Монца, во Топ-10 повторно имаше вкупно четворица Македонци.

Трката беше прекината по 10 минути возење од вкупно предвидените 25, па предвид се земаа постигнатите резултат во тој момент. Инцидентот се случи на 15 минути до крај на трката, откако две возила поради инцидент останаа на небезбедни места. Едното возило беше на Слободан Трајковски, а другото на Никола Јанчиќ.

Владимир Тренески го имаше најбрзиот круг на Монца, и во моментот на прекинот на трката беше на 5. место, односно втор најдобропласиран Македонец. Зоран Мираковски го освои 8. место и тој е еден од ретките што го задржа местото од кое и ја почна трката. Бојан Петрушевски заврши како 9.

Марко Блажевски овој тркачки викенд на Монца покажа дека е добро подготвен и физчки и ментално, а и самото возило. Откако првата трка од 30 место стигна до 6. сега повторно имаше одличен старт. Беше во добар налет и за три круга од 6. дојде до второто место, и со правои се очекуваше да го нападне и лидерот Лука Грм од Словенија. Во моментите кога тие двајца почнаа да се одвојуваат поради инцидент на патеката влезе безбедносното возило и речиси десет минути се расчистуваше патеката бидејќи две возила беа на небезбедни места.

Откако целата колона возила „рекреативно“ возеше по патеката чекајќи зелено знаме за продолжување, од директорот на трката стигна информација дека истата ќе биде прекината и моментните резултати ќе бидат и конечни. Во тој момент Блажевски беше второпласиран и по третпат во кариерата се искачи на подиумот, по Гробник 2021 година кога победи, и во Австрија 2022 кога беше третопласиран.

Трката почна според редоследот од првата трка, па така Бојан Петрушевски кој на првата трка беше трет сега тргна од вториот ред. Владимир Треневски тргна од 5. а Марко Блажевски од 6 место. Зоран Мираковски од оние што беа во Топ-10 беше осмопласиран.

По првиот круг Тренески скокна за две места, а лош старт имаше Петрушевски кој во првиот круг падна од 3. на 7 место. Во вториот круг Блажевски се проби до 3 место, а Треневски падна на 7. место, а Петрушевски беше 9. Залетото што го имаше Блажевски му донесе и избивање на втората позиција и подготовка за напад на лидерксото место. Но, прекинот на трката го оневозможи по вторпат да се искачи на највисокото постоље.

Во долниот дел од колоната беа Борис Стојменов кој заврши како 20. Мурис Хамзич веднашп зад него на 21. место, а новакот Бранко Рафајловски беше 23 место. Тој уште во првиот круг имаше мало „чешање“ со некој од ривалите и имаше оштетен преден дел, но продолжи да се натпреварува и освои нови бодови во првенството на Македонија.

Сезонава трките од Euro Twingo Cup се бодуваат и за првенството на Македонија. По двете извозени трки на Монца, во водство во првенството на Македонија е Марко Блажевски со 32 бода, а на делба на второто место се Бојан Петрушевски и Владимир Треневски со по 30 бода. Зоран Мираковски има 22 бода.

Следните трки се возат на крај на април на Хунгароринг во Унгарија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK