Хамилтон објасни зошто повикува на апсење полицијајци

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќекратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон за медиуми ја објасни пораката од својата маица со која се појави во рамките на трката за големата награда на Тоскана.

Тој за време на церемонијата се појави со маица на која пишуваше “Arresta the cops who killed Breonna Taylor” односно “Уапсете ги полицајците кои го убија Брион Тејлор”.

“Ми требаше повеќе време за да ја набавам оваа маица. Сакав да ја носам и да привлечам внимание дека луѓето се убиваат на улица, но и во своите куќи. Полицајците кои таа ноќ беа во погрешна куќа се уште шетаат слободно. Не може да одмараме. Мораме да продолжиме понатаму” изјави Луис Хамилтон.

Според правилата, забрането е носење на маици со политичка или друга порака. Оттука се очекува FIA да покрене истрага која може да резултира со парична казна за Хамилтон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK