Грците не дозволија одржување на Twingo Cup поради името Автомобилистичка Федерација на Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Иако навреме беше најавен настанот, платена котизација за користење на патеката и дојдени возачи од Србија, Слованије, Македонија и Унгарија грчките власти не дзволија трката да се одржи

Најавената трка од Twingo Cup што требаше викендов да се вози на петеката Серес во Грција е откажана! И покрај однапред најавениот настап, платената котизација за користење на патеката и дојдените возачи од Македонија, Србија, Унгарија и Словенија грчките власти не дозволија трката да биде одржана.

Бидејќи трките на Серес беа најавени и за бодувањето во ЦЕЗ (Централно Европска Зона) контактите меѓу организаторот и грчката патека оделе преку АФМ. Но, според нашите информации десетина денови имало „молк“ на релација Скопје – Атина. Грците уценувале и барале лиценците издадени од АФМ да бидат со натписите Северна Македонија, а не како досега само Македонија. Со ваквите лиценци издадени од АФМ, македонските возачи веќе возеа на Хунгароринг и во Словачка.

Случувањата на Серест дојдоа до највисоките официјални лица на двете земји, но Грците не попуштиле во својот став дека не е можно на нивна територија да се одржуваат трки со возачи кои имаат лиценци на кои пишува Автомобилистичка федерација на Македонија.
Реакцијата за ваквата одлука на Грците била од последното ЕП во фудбал каде на логото на нашата репрезентација стои ФФМ, а ја нема додавката Северна.

Возачите од Словенија, Србија и Унгарија кои исто така биле во Серес протестирале барајќи барем тие да возат бидејќи сите веќе пристигнале и платиле котизација за користење на патеката. Но, Грците останале тврди во својот став.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK