Германецот Хулкенберг ќе вози за Racing Point на Силверстон

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Серхио Перез беше позитивен на тестот за коронавирус, тимот на Racing Point веднаш најде замена што ќе го вози нивниот болид на трката во В.Британија викендов. Тоа ќе биде Германецот Нико Хилкенберг.

Хулкенберг има најмногу стартови во Формула (179) без притоа да избори пласман на победничкиот подиум.

„Бев на пат кон Нинбургринг за еден друг проект кога ми се јави Отмар (Зафнауер, шеф на Racing Point). Беше тоа пред помалку од 24 часа, ми делуваше нестварно. Но јас сакам предизвици и ова е еден таков предизвик. Ќе се обидам да дадам се од себе за тимот“, рекол Хулкенберг.

Искусниот 32 годишен возач изминатите три сезони возеше за Renault, заврши на 14 место во генералниот пласман, но за оваа сезона не успеа да најде тим.

Кариерата ја започнал во 2009 година во Williams, а потоа возел за Force India (тимот сега го носи името Racing Point), Sauber и Renault.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK