Жан Тод и Михаел Шумахер заедно гледаат телевизија!

ОБЈАВЕНО НА:

Седум години од несреќата на поранешниот светски првак во Ф1, Михаел Шумахер се уште нема информации за здравствената состојба на Германецот. Но, Жан Тод сегашниот претседател на ФИА и поранешен шеф на Ferrari е голем пријател со Михаел Шумахер и тој е еден од ретките луѓе кои освен семејството е добро упатен во здравствената сотојба на поранешниот возач.

Германецот во несреќата во 2013 година на скијање на Француските Алпи доби повредата на главата и долго време беше на болничко лекување, и се шпекулираше дали и колку воошто може да се врати на нормален живот.

Тод во интервју за „Де Телеграф“ потврди дека редовно го посетува својот голем пријател Михаел Шумахер, во една прилика откри дека заедно гледаат трки.

-Редовно одам кај Михаел, заедно гледаме телевизија. Неговата борба трае, заедно со членовите на неговото семејство и докторите, истакнал Жан Тод.

На прашањето на новинарите дали Михаел е свесен за својот 21 годишен син Мик кој наскоро ќе стане дел од Формула 1 , Тод одговорил.

„Не сакам да зборувам за тоа, поради тоа што не сакам да одам во детали. Тоа се приватни работи, одговорил Тод. -Мик е млад и талентиран возач. Има големо име, но големото име на управува со воланот. Кога ќе дојде во Формила 1 нема да има победнички болид. Ќе му биде потребно време и прерано е да се каже и знае дали го има талентот како неговиот татко или како Макс Верстапен или Луис Хамилтон. Се уште не знаеме, дополнил 74- годишниот Жан Тод, актуелниот претседател на Светската автомобилска федерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK