Williams Racing: Премиерата на болидот за новата сезона на 5 март (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Формула 1 тимот на Williams Racing објави кратко тизер видео со кое ја најавува премиерата на болидот за новата сезона.

FW43B е називот на новиот болид кој ќе биде придвижуван од моќниот агрегат на Mercedes. Како ќе изгледа ќе дознаеме на 5 март кога е и закажана премиерата.

Од претходно е познато дека во новата сезона за британскиот F1 тим ќе возат Николас Латифи и Џорџ Расел. Првата трка овие двајца возачи ќе ја имаат на 28 март кога ќе започне новата сезона со трката за големата награда на Бахреин.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK