Себастијан Фетел си заминува од Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сезоната 2020 од Формула 1 шампионатот сеуште не е започната, веќе е објавено дека Себастијан Фетел ќе си замине од тимот на Ferrari по завршувањето на сезоната.

Оваа вест ги изненади фановите во Формула 1, но и влеа надеж кај оние на Ferrari кои се разочарани од перформанисте на четири-кратниот Формула 1 шампион.

Италијанските медиуми откриваат дека Ferrari му понудиле на Фетел продолжување на контактот на уште една сезона односно заклучно со следната, но со значително редуцирана плата. Истата понуда експресно била одбиена од германецот.

Како најсериозен кандидат за негов наследник е Даниел Рикијардо кој во моментов се натпреварува за Renault. Помали се шансите во Ferrari да дојде и Карлос Саинц кој е поврзуван со екипата од Италија, но некои сметаат дека постои шанса и Луис Хамилтон да потпише со Ferrari со оглед на тоа што и неговиот договор со Mercedes завршува годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK