Претставена визијата за Формула 1 за 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Со објавување на трите предлог дизајн концепти на болидите, Формула 1 ја најави визијата за 2021 година.

Трите концепти објавени на официјалниот интернет сајт на Формула 1, откриваат дека организаторите не само што сакаат новата генерација на болиди да изгледаат поубаво туку истовремено да изгледаат помоќно и поспособни за адреналинска акција.

“Сакаме болидите да изгледаат далеку подобро од она што го гледаме во видео игрите” изјави Рос Браун, шеф во Формула 1 во однос на предложените концепт дизајни. Тој додаде и дека развојот на овие болиди е 80% готов и дека во наредниот период се очекува целосно финиширање.

Првиот концепт на F1 болид покажува поголема интегрираност на хало заштитата со останатиот дел од болидот со што истиот изгледа многу подобро.

Вториот концепт е поагресивен, а аеродинамичарите очигледно дека работеле заедно со графичките дизајнери на многу поубав изглед. Од повпечатливите карактеристики се поголемите тркала кои во блиска иднина повеќе од сигурно дека ќе бидат дел од F1 болидите.

Tретиот и последен концепт е опишан како најактуелен односно најблизок со постоечките F1 болиди. За овој концепт, Рос Браун, шеф во Формула 1 изјави дека пневматиците и тркалата значително го нарушуваат протокот на воздух и дека потребно е голема работа на стабилизирање на овој проток.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK